Русковска и ЈО со неповикувањето на распит на Заев се доведуваат во ситуација да бидат соучесници во криминалот

Вилма Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Зоран Заев. Затворањето на истрагата за случајот Рекет, и затворање на рекетарскиот ланец со Катица Јанева е прикривање трагите кои водат директно до врвот на власта.

Со месеци, скоро цела година сите институции од областа на финансиското разузнавање, безбедносните служби и  ЈО воопшто не реагирале во врска со милионскиот рекет. И на бруцоши на правен факултет им е јасно дека милионски рекет, кој траел со месеци не може да се прави без знаење на врвот на власта.

Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска цело време само барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари.

.

И Русковска и сите кои ја ограничуваат истрагата и ги штитат функционерите од власта треба да знаат дека еден  ден со враќањето на правната држава во Македонија ќе сносат одговорност за сторениот криминал.

Треба да знаете
Последни објави