САД ќе ги укинат визите за Полска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му порачал на полскиот претседател дека очекува да биде укинат визниот режим за Полска во следните неколку недели и дека на граѓаните на оваа земја нема да им треба виза за патување во САД до 90 дена, без разлика дали станува збор за деловна или туристичка посета, објави денеска Белата куќа.

Варшава веќе долго време бара Стејт департментот да го укине визниот режим за Полска, а претседателот Трамп, како што појасни Белата куќа, во разговор со неговиот полски колега, Анджеј Дуда, на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН, најавил дека тоа може да се случи во наредните недели.

„Претседателот Трамп го извести претседателот Дуда дека ќе го објави влезот на Полска во Програмата за ослободување од визи (VWP) во наредните неколку недели“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Трамп и Анджеј Дуда разговарале и за воени, безбедносни и енергетски прашања, а претседателот на САД го потврдил и неговиот план за распоредување на голем број американски војници од другите делови на Европа во Полска, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави