Сопругот на Јанкулоска како нејзин адвокат ѝ се закани на судијката Кацарска дека во Стразбур ќе ѝ прават тест за пристрасност во „Тенк“

Сопругот на осудената во „Тенк“ ексминистерка Гордана Јанкулоска, адвокатот Влатко Илиевски, барајќи денеска во Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска, се закани дека и судот во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност, пишува САКАМДАКАЖАМ.

„Само да напоменам, Европскиот суд за човекови слободи и права има методологија да утврди пристрасност во водењето на постапката, користејќи објективен и субјективен тест“, рече Илиевски, цитирајќи неколку такви примери од пресуди на Судот во Стразбур.

Кацарска ја осуди на 6 години затвор поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за местење на тендерот за се да добие „тоа на М“ како што Груевски го вика мерцедесот во еден разгвоор во бомбите. Апелација ѝ ја намали казната на 4 години, а Врховниот суд тогаш под водство на Јово Вангеловски, забрани Јанкулоска да оди в затвор додека не одлучи највисокиот суд по нејзините жалби за пресудата и за начинот на водењето на судскиот процес.

Треба да знаете
Последни објави