Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева пристигна во Обвинителство. Таа денес треба да даде исказ пред шефицата на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Како што е познато, Јанева на 20 август беше приведена во врска со аферата „Рекет“, под сомнение дека ја злоупотребила службената положба и влијаела за поповолна позиција на Орце Камчев во предметот „Империја”.
фото: Роберт Атанасовски