Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција, пишува Маркулеле.
Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.
“Со Божја помош и помошта од сите хумани луѓе, Дејан Најдоски позитивно ги прими матичните клетки од двата третмани. Според мислењето на докторите во Турција за да се постигнат најдобри резултати, веднаш во рок од 1 месец потребно е да се изврши и третиот третман, а по него во ноември и четвртиот. За третиот третман ни недостигаат 4.000 долари, а додека за четвртиот 10.000 долари. Ги замислуваат сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат да придонесат состојбата на Дејан да се подобри”, вели таткото на Дејан.