Во Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски го примен броачот Магомедгаџи Нуров, кој го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство одржано во Казахстан. Со овој успехот Нуров обезбеди и „виза“ за настап на Олимписките игри во Токио следната година.
Од АМС му ветија на Нуров дека во наредниот период ќе добива државна стипендија во износ од две просечни плати, а ќе му бидат обезбедени и максимални услови за подготовки за што подобар настап на ОИ во Токио.