Долниот дом на британскиот парламент ќе заседава утре откако Врховниот суд пресуди дека суспензијата на законодавниот дом од страна на премиерот Борис Џонсон е незаконска, изјави Џон Беркоу, претседателот на Долниот дом на британскиот парламент.
„Наложив подготовка за продолжение на работата на Долниот дом, со оглед дека неговото распуштање е незаконско“, изјави Беркоу.