Нов скандал на повидок во ОН: Во Њујорк доаѓа самоназначена делегација на Венецуела

Плановите на членови на тимот на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо  за да ја попречуваат работата на официјалната делегација на земјата на 74. седница на Генералното собрание на ОН се недостојни за меѓународната организација, соопшти рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, пренесува „Спутник“.

„Слушнавме дека ќе дојдат луѓе на Гваидо во Њујорк и дека планираат таму да предизвикаат проблеми“, рече Рјабков.

Според неговите зборови, таквите потези се срам за организација на меѓународно ниво како што се Обединетите нации.

„Ние директно и отворено ќе им кажеме на сите со коишто ќе разговараме, дека ОН не треба да бидат платформа за такви игри“ , рече заменик-шефот на руската дипломатија.

Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, вчера изјави дека има намера да испрати делегација во Генералното собрание на ОН на состанок со претставниците на државите кои го поддржуваат и за да извршат притисок врз „диктаторот“.

Треба да знаете
Последни објави