Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејбук профил со видео го најави почетокот на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма”.
„Трета година Македонија живее во кошмар. Заевизмот го јаде ткивото на Македонија.
Секој ден тапкаме во место, а во многу области одиме назад.
Неправдата е знак на оваа власт, неработата е нивна одлика, неспособноста е нивен карактер.
Нема правда, нема проекти, нема пари за народот, нема систем, нема грижа, нема идеја.
Тие ја рушат државата, ја рушат среќата на луѓето, ја рушат иднината.
Наместо да градат – тие крадат.
Ветувањата станаа лаги, системот не функционира, криминалот царува, државата е украдена, луѓето се измамени.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/852199081843682/?t=6
Едно е јасно – тие паѓаат. Врхушката сочинета од арамии губи тло. Заевизмот колабира!
Потонаа во своите предавства, изгубија образ затоа што излажаа, загубија сила затоа што се силеа.
Секој ден се повеќе губат моќ, тоа е процес кој е неповратен и ќе заврши со нивен голем трескот.
Тие се свесни за тоа,затоа се нервозни, затоа кршат закони, затоа уште повеќе рушат, и затоа уште повеќе земаат рушвет.
Очајни се, слабоста ја гледаме во нивните очи, немоќта во изразите на нивните лица.
Сакајќи да ја срушат Македонија, се срушија себе си!
Готови се! Тоа на секому му е јасно! Изгубија!
Македонија го преживеа и ова зло! Таа е посилна од се!
Заевизмот се руши и доаѓа време да се сведат сметките, доаѓа време за одговорност, доаѓа време за правда, и правда ќе има! Гарантирано!
Но, заевизмот остави длабоки траги. Ја оставаат Македонија со лузни, во рушевини, во пепел.
Ја оставаат Македонија послаба, помала, поранлива, во проблеми.
Почитувани сограѓани,
Ние не бегаме од предизвиците, напротив ги поздравуваме и смело се впуштаме во битка да ги надминеме.
Обновата на Македонија има знаење и мудрост. Има карактер и систем на вредности. Има чест и сила кои ги црпи од идеалите за Македонија.
Правда, правдини, слобода, почит, еднаквост, соживот, благосостојба и прогрес.
Заевизмот паѓа, но остава проблеми!
Ние не бегаме од проблемите, ние имаме решенија и одговори за нив.
Ние ги знаеме проблемите и градиме програма за нивно надминување.
Ние сакаме да го дознаеме и секој твој проблем почитуван граѓанину.
Да знаеме што те притиска, тишти и измачува тебе како човек, кој е твојот проблем, кој е проблемот со кој се соочува твоето семејство, твојата улица, село, град, твојата фела, твоите блиски, твојата Македонија.
Затоа разговараме со вас почитувани граѓани, имаме образ да ве погледнеме во очи, да ни кажете што ве мачи и како тоа да го решиме, да ви ветиме дека заедно ќе се бориме за проблемите да исчезнат или да се намалат, и тоа ветување да го исполниме.
Време е!
Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период.
Да забрчат машините, да згрмат работниците, да се чујат интелектуалците, да се вратат луѓето и да се вратат насмевките на луѓето, осетно и реално да се зголеми стандардот на граѓаните, и стандардите во сите области.
Почнуваме РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!
Ние стартуваме со финишот на нашиот маратон кој ќе заврши со успех!
СТАНИ МАКЕДОНИЈА!
Секој еден од нас да стане Македонија, и на тој начин да помогне Македонија да стане, и Македонија да расте и да се развива, да добие во нов квалитет!
Приклучи се на РАЗГОВОРИТЕ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, бидејќи ОБНОВАТА ДОАЃА!