Средба Ковачевски-Дехари: Заедничко инвестирање во инфраструктурниот развој на југозападниот регион

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари вчера оствариле средба на која станало збор за меѓусебната соработка со оглед на тоа што РЕК Осломеј се наоѓа во Кичево.

На средбата, за која денеска информираше ЕСМ, Ковачевски истакнал дека е потребна соработка и заедничко инвестирање во инфраструктурниот развој на југозападниот регион.

Во соопштението се наведува дека АД Електрани е во фаза на обезбедување документација за интензивирање на ископите за јаглен со цел поголемо вклучување на РЕК Осломеј во производствениот процес, како и документација за градба на фотоволтаични електрани во кругот на комбинатот, за што, како што се наведува, покрај државните институции, потребно е и вклучување и на институциите на општината.

Треба да знаете
Последни објави