Прометот од продажба на услугите во вториот квартал годинава е повисок за 1,9 проценти отколку во истото тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во вториот квартал годинава најголем пораст на прометот во услугите во однос на второто тримесечје од 2018 година има во дејноста eмитување програма, за 58,7 проценти, и во дејноста услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата, каде зголемувањето изнесува 21,5 проценти.
Статистичките податоци покажуваат дека најголемо намалување на прометот од продажба на услуги од 32,5 проценти, е забележано во дејноста научно истражување и развој .