Во јули годинава во државава биле потрошени 552.516 мегаватчасови електрична енергија, 36.567 милиони нормални кубни метри природен гас, 435.021 тони јаглен и 105.420 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Домашното производство на електрична енергија во јули годинава учествувало со 95,1 процент во вкупната потрошувачка на струја, а 93,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.