Единствена цел на фарсата од Рускоска и Јовевски е да се прикријат Кики, Фрики, Шеки, Баки и другите

Целата истрага за случајот “Рекет” е една огромна фарса. Цели 5 месеци, Рускоска обвинителството, Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Судот и сите останати ги манипулираат граѓаните и јавноста, си играат со нивната интелигенција и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминално-рекетарски скандал во историјата на Република Македонија, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствена цел на оваа фарса, режирана од Рускоска и Јовевски, под диктат на Зоран Заев, е да се прикријат Кики, Фрики, Шеки, Баки и другите, за да не се стигне до главата на октоподот која се наоѓа во врвот на Владата. Сите знаат кој е главата на октоподот и сите знаат кој е нарачателот на рекетот, бидејќи Бојан Јовановски сам ниту на сон не можел да рекетира.
Истрагата целиот период се водеше непрофесионално и со бројни сомнежи кои упатуваат на тоа да ги прикријат трагите на вистината. Од самиот почеток на истрагата беше дозволено од страна на Рускоска на Катица Јанева и останатите осомничени да прикриваат и бришат докази, да форматираат компјутери, да влијаат врз сведоци.

Фарса е и затоа што Заев има ветено на сите тројцата осомничени дека ќе ги извади од притвор и веќе почна тоа да го прави. Еден од осомничените излезе од притвор и во тој случај сите осомничени ќе можат да влијаат на сведоци, докази и искази. Во екот на најголемата истрага за рекетирање, Рускоска и целото обвинителство си отидоа на колективен одмор и тоа отвора дополнителни сомнежи во целиот случај. Едно е јасно и очигледно. Целиот период Заев и Рускоска се пазареа со извршителите на рекетирањето. Никаде ги нема ниту синот на Катица Јанева, ниту врвот на СДСМ, ниту другите помагачи на делото рекет кое го извршувале Катица Јанева и Бојан Јовановски. Оваа огромна фарса која ни е сервирана изминативе 5 месеци се со цел да се спасат нарачателите, не смее и не може да заврши само со 3ца обвинети за кои знаеме дека без поддршка од власта не смеат да рекетираат. Право и правдина мора да има и ќе има, но не на ваков начин, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави