На 24.09.2019 во 14.50 часот на магистралниот пат Кочани – Виница, патнички автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(61) од Кочани, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле четири лица, на кои им била укажана помош во Јавната здравствена установа Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.