Српски пејач на народна музика се задуши , откако го касна пчела во ТВ емисија

Српски пејач на народна музика се задуши , откако го касна пчела во ТВ емисија

Пејачот Ибро Селмановиќ берше каснат од пчела на грлото среде снимање на емисијата Шареница на српската национална телевизија.

Ибро излезе на сцената и додека пеел, пчела му влета во устата и го гризна во грлото. Но, тој не прекина да ја пее песната до крај, иако се чинеше дека некое време се гуши, јавуваат српските медиуми.

Отпрвин, никој не сфати за што станува збор, а пејачот едвај успеа да им објасни на организаторите да повикаат брза помош поради тоа што се задушува. На местото на настанот пристигнала екипа на Брза помош и потоа го пренеле пејачот во болница. Тој бил пуштен на домашно лекување по неколку часа, пишува Блиц.

„Прво, не би го посакал ова ниту на најголемиот непријател. Мислам дека некогаш не се случило на некого. По покана на РТС, дојдов со син ми на Јахорина, од каде што се емитуваше програмата во живо. Мислев дека пчелата ќе замине и јас дури и не ја бркав  зашто луѓето веројатно ќе помислат дека не сум нормален, дека пеам и бркам пчела “, раскажа Ибро како изгледаа драматичните моменти на Јахорина.

Треба да знаете
Последни објави