Личниот телохранител на египетскиот милијардер Мохамед ал Фаед, Џон Мекнамура, сакал по секоја цена да докаже дека кралското британско семејство стои зад смртта на Доди ал Фаед и принцезата Дајана, тврди британски новинар Том Боуен за „Дејли мејл“, пишува РЕПОРТЕР.
Боуен минатата недела ги открил намерите на Мекнамура кој починал неколку дена претходно на 88-годиш возраст. Боуен вели дека бил близок пријател со Мохамед и дека тој имал дозвола од него да прави интервју со неговиот персонал низ хотелите.
Откако Боуен се вратил во Лондон, почнал да ја истражува неавторизираната биографија на Доди Фаед и вели дека се вчудовидел кога сфатил дека Мекнамара со месеци, па дури и години по смртта на Дајана, се шетал низ Европа, трагајќи по сведоци и таканаречени експерти за да го докаже апсурдното тврдење дека кралското семејство организирало заговор за убиство против принцезата Дајана.
„Мекнамура беше мајстор за уцени, лажирања, корупции, закани со насилство и слично. Тој ширеше лаги и измислени приказни за тоа дека принцот Филип и МИ6 се здружиле за да ја убијат Дајана и Доди и да го спречат нивниот брак“, вели Боуен.