Откако почна акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид, сопствениците на угостителски објекти дивоградби вчера официјално побарале од Локалната самоуправа сами да ги урнат платформите крај езерскиот брег.
Тие се одлучиле на ваков чекор откако им станало јасно дека ако не го сторат тоа, терасите ќе бидат урнати со полициска асистенција од ангажирани фирми, а сопствениците ќе треба да ги сносат трошоците. Активност за отстранување на платформата почнаа од кафетеријата Аквариус и дивопоставената тераса на кафетеријата Објектив.