Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, предмалку повторно е донесен во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција да направи увид на доказите. Тој во понеделникот беше повикан на распит но не го даде својот исказ бидејќи како што изјави неговиот адвокат биле известени дека истражната постапка за случајот била завршена.
Поради ова Боки 13 одбил да ја даде својата одбрана и тоа ќе го стори откако ќе направи увид во доказите. Инаку утре истото ќе го прави и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева. Ниту таа вчера не даваше исказ пред Обвинителката Русковска.