Денеска (15.30 ч.) се играат првите натпревари од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. Пресметките во оваа елиминаторна рунда ќе бидат во сенка на дуелот меѓу лутите ривали Вардар и Шкендија кој ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
По лошиот старт на сезоната кој го имаа најторфејниот клуб на домашната сцена Вардар и актуелниот првак Шкендија се вратија на победничките патеки. Вардар се искачи на лидерската позиција во првенството, влезе во победничка серија од пет меча, а Шкендија по смената на тренерската клупа нареди три победи под водство на Ерхан Селими и го напушти дното, почна да се пробива кон врвот. Нивната нова пресметка доаѓа во вистинско време да покажат кој колку може сезонава.
Пресметката Вардар – Шкендија е шеста во ова натпреварување. Статистиката е на страната на Шкендија која во четири наврати го елиминирала Вардар, додека скопските „црвено – црни“ само еднаш се радувале.
Реванш средбите од оваа рунда се закажани за 30 октомври.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ДЕНЕШНИТЕ ПРВИ МЕЧЕВИ (15.30 Ч.):
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ОСОГОВО (Фуркан Идризи – Тетово)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (Васко Мавров – Струмица)
ШКУПИ – СИЛЕКС (Јосип Бартон – Скопје)
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (Марјан Стојановски – Кичево)
ТИКВЕШ – РЕНОВА (Албрим Шаќири – Струга)
ЛАБУНИШТА – ОХРИД (Боби Величков – Велес)
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (Марјан Младеновски – Скопје)
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (Дејан Јакимовски – Скопје)