Холивудската актерка Деми Мур неодамна откри детали од љубовниот живот со нејзиниот колега Ештон Кучер. Таа рече дека Ештон ја изневерувал и дека ја наговарал на секс во тројка, како и дека неволно се согласувала на тоа.
„Сакав да му покажам дека можат да бидам забавна, но сега знам дека тоа беше грешка“, рече Деми.
Иако до скоро молчеше, Кучер се огласи на „Твитер“ на обвинувањата на Деми со која беше во брак од 2005 до 2011 година.
„Сакав да твитнам нешто лошо, но тогаш ги погледнав моите син, ќерка и сопруга и го избришав“, напиша актерот.
I was about to push the button on a really snarky tweet. Then I saw my son, daughter, and wife and I deleted it. ❤️
— ashton kutcher (@aplusk) September 25, 2019