Аргентинскиот фудбалски интернационалец Лионел Меси од редовите на шпанскиот првак Барселона кој пропушти неколку меча на стартот од сезоната, ив за првпат сезонава се појави во стартната постава, пак се повреди. На средбата со Вилјареал (2:1) одиграна на „Камп Ноу“ на полувремето остана во соблекувалната. Од Барселона уверуваат дека повредата не е сериозна и Меси најверојатно ќе биде подготвен за настап на дуелот против Интер во Лигата на шампионите за седум дена на „Камп Ноу“.
Фудбалскиот мјајстор се пожали на болки во бутниот мускул, па тренерот Ернесто Валверде го повлече од игра за да го зачува. Од Барселона најавуваат дека Меси брзо ќе закрепне и ќе се врати во тимот по само неколку дена. Тој може да го пропушти само натпреварот против Хетафе в сабота.