Универзитетот во Тетово го одржува 13-тиот Меѓународен семинар за албанологија насловен Јазикот, книжевноста и идентитетот”. Денес во рамки на првиот ден се одржа промоција на книгите „Албанска синтакса (синтаксички компоненти)” и „Стандарден албански предговор” од Мехмет Челику како и две студии.
-Важноста на оваа научна средба е што во голема мерка придонесува за споделување искуства меѓу истражувачите – учесници на семинарот, преку комуникација и дебата. Целта на семинарот е да се одговори на прашањето што го поврзува идентитетот со јазикот и литературата, изјави директорот на семинарот, професорот Селајдин Салиу.
Утре на вториот ден од семинарот предвидена е сесијата за наука и историја со тема: „Албанците и Европа”. Во текот на денот ќе има сесијата посветена на медиумите со темите „Медиуми и лажни вести” „Култура и медиуми” и „Улогата на јавните медиуми”. Последната сесија е наменета за етнологијата со тема: „Другиот” во албанската и балканската култура „Дигитализација на културното богатство”.