Најмалку 37 лица, меѓу кои и деца, загинаа во земјотрес со јачина од 5,8 степени, што го погоди пакистанскиот Кашмир во вторникот, соопштија локалните власти. АП известува дека повеќе од 700 лица се повредени.
Подрачјето на Мирпур е најпогодено, каде се оштетени илјадници домови и згради.Според официјален претставник на локалната полиција, ситуацијата, по последователен земјотрес во текот на ноќта, полека се враќа во нормала и се намалува стравот кај луѓето.
Земјотресот уништи многу домови, продавници и патишта на подрачјето меѓу градовите Џелам и Мирупу во северен Пакистан, а голем дел од штета е направена во селата каде што се распаднале стари куќи, пренесува Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од Џелам, на околу 120 километри од главниот град Исламабад на релативно мала длабочина од десет километри, соопшти американскиот геолошки завод.
Премиерот Имран Кан изјави дека е загрижен за штетата предизвикана од земјотресот и ги упати сите оддели да обезбедат итна помош, соопшти пакистанската влада на Твитер.