Семејствата на оние кои беа убиени за време на премиерата на филмот Бетмен во 2012 година, испратија писмо до компанијата „Ворнер Брос“, со загриженост за новиот филм „Џокер“ и го повикаа студиото да се приклучи на акцијата против вооруженото насилство.
Дванаесет луѓе беа убиени во кино на премиерата на филмот „Бетмен-издигнувањето на темниот витез“.
Од „Ворнер Брос“ соопштија дека филмот, во кој Џокер го глуми Хоакин Феникс, не претставува одобрување на насилството во реалниот свет. Феникс неодамна излезе од интервју кога го прашаа токму за ова прашање.
Група против насилство со оружје испрати писмо до „Ворнер Брос“ заедно со уште тројца други чии роднини беа убиени или ранети во пукањето во 2012 година.
„Кога за првпат ги видов трејлерите на филмот, бев апсолутно ужасната.И тогаш кога ископав малку подлабоко и открив дека има толку непотребно насилство во филмот, само ме разладуваше до моите коски“ рекла Сенди Филипс, предводник на групата против насилство со оружје.
Таа порача дека ја загрижува и лути тоа што една голема компанија не презема одговорност и воопшто не ја загрижува јавноста.