СДСМ:Седми ден молчи Мицкоски и не одговара дали Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Седми ден молчи Христијан Мицкоски и не одговара:
Дали Орце Камчев преку неговите фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори?

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се нотирани во нивниот Финансиски извештај?

Молкот на Христијан Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ отвора сериозни сомнежи.

Ако Камчев ја финансирал кампањата, а тоа не е заведено во Извештајот, тогаш станува збор за сериозно кривично дело, незаконско финансирање на кампања.

Дали токму шемите со Камчев, го поврзуваат Мицкоски со случајот „Рекет и дали можеби ова е мотивот, зошто Мицкоски толку посветено го брани тајкунот на режимот Орце Камчев?

Јавноста се уште очекува одговори.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ мисли дека молкот за овие прашања може да го покрие со ваква галама, химната на белиот дворец.Се лажат. Вистинста е една и бегање од одговорност нема!

Треба да знаете
Последни објави