„Досега секогаш бев транспарентен, таков ќе бидам и во иднина“ е коментарот на свиркачот Ѓорѓи Лазаревски за завчерашното сведочење на Зоран Верушевски за случајот „Таргет – Тврдина“.
Лазаревски денеска со кус одговор на новинарските прашања откако вчера не беше достапен за медиумите. Сведочењето на Верушевски предизвика силни рекции, откако рече дека бомбите не завршувале кај него, туку во партијата СДСМ, а по неговото притворање, бомбите поминале низ страотни модификации и компромитирање.
-Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година, рече Верушевски на рочиштето.
А ова го сведочеше Лазаревски во ноември лани.