Спасувачот oд „Бајвоч“ ги преработи песните од 80-тите години

Пред неколку месеци, холивудскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф (66) изјави дека подготвува албум во кој ќе се појави и хеви метал музика. Најпознатиот спасител на социјалните мрежи објави дека е завршен албумот со панк-ковери наречен „Open Your Eyes“.

Хаселхоф откри дека песните на новиот албум имаат политичка порака. Албумот ќе биде објавен на 27 септември, токму на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Новиот албум содржи обработки на познати бендови во 80-тите години, како што се Echo & The Bunnymen и нивната песна „Lips Like Sugar“ и групата The Jesus and Mary Chain и нивната песна „Head On“.

 

Хаселхоф стана познат во доцните 80-ти со улогата на Мич Бучанон, командант на спасувачката служба во Лос Анџелес. По него на плажата трчкаше, меѓу другите, и Памела Андерсон (51).

Треба да знаете
Последни објави