Таблети „виагра“ му пресудиле на бугарски боксер кој почина во рингот

Бугарскиот боксер Боби Станчов испил три таблети „виагра“ пред кобниот боксерски дуел со Ардит Мурша во Албанија каде почина во рингот. Станчов, имаше само 21 година, а почина од срцев удар. Во соседна Бугарија деновиве топ-тема е смрта на младото момче.

Боксерот од Софија изминатиов викенд на турнирот во Скадар падна во рингот за време на мечот без никаков удар. Трагедијата се претвори во скандал, бидејќи беше објавено дека настапувал под името Исус Величков. За ова придонесоа последните информации лиферувани од новинарите, дека починатиот боксер користел туѓо име за да настапи во борбата.

-Полицијата во неговата торба пронајде светло-сини таблети и ги испрати на анализа – соопшти супервизорот на турнирот.

 

Треба да знаете
Последни објави