Косовскиот претседател, Хашим Тачи во Њујорк за последните политички случувања на Косово, разговараше со помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, соопштија од кабинетот на Тачи.
Тачи во рамки на средбата го поздравил недамнешното именување на Палмер на оваа позиција.
„Тоа е знак дека Вашингтон останува посветен на мирот и напредокот на Западен Балкан. Тоа нам, од друга страна, ни пружа гаранција и вера во процесот на дијалогот со Србија и во евроатлантската иднина на земјата и регионот“, изјави Тачи.