Швајцарецот Роџер Федерер зборуваше за односите со Шпанецот Рафаел Надал. Според него, долгогодишните ривали многу се почитуваат едни со други, но не се нешто големи пријатели.
-Ние се разбираме совршено. Кога комуницира со мене, Рафа е секогаш отворен и искрен. Ние многу се почитуваме. Но, не мислам дека сме најдобри пријатели. Тој има пријатели и подобри од мене. Исто како и јас. Но, главната работа меѓу нас е почитта. Ние сме противници само на теренот, изјави Федерер за „Tennis World USA”.
Федерер и Надал заедно со Новак Ѓоковиќ се најдобрите тројца светски тенисери последните години и воопшто меѓу најдобрите во историјата на овој спорт.