Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, придружувана од градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните на Битола.
Пред присутните Шекеринска нагласи дека концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат, а со ребалансот издвоени се 300 милиони денари за поврат на 15 насто од платеното ДДВ назад кај граѓаните.
Минималната плата се зголеми, а со ребалансот на буџетот се предвидени 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари.
Растот на платите, значи и раст на пензиите, рече Шеќеринска, додавајќи дека невработеноста се спушти на историски ниска стапка од 17,5 проценти, а со ребалансот се обезбедени дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки за поддршка на враборувањето.
Се грижиме за стечајците, и сега 12.000 лица, кои останале без работа, ќе добиваат паричен надоместок од 8.200 денари до пензионирање, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, посочи Шекеринска.
Нашата работа во корист на граѓаните и на економијата, нашиот напредок во реформите, добива поддршка од меѓународната заедница. Се очекува Германскиот Бундестаг утре да гласа за Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија, се поблиску сме до ратификацијата на договорот за пристапување во НАТО, од страна на сите држави членки.
Ова е доказ дека иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, дека СДСМ како одговорна и државотворна партија продолжува да работи во интерес на државата и граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на средбата со граѓаните на Битола.
СДСМ го слуша гласот на граѓаните, разговара за нивните проблеми, потреби и барања и презема мерки со кои се зголемува животниот стандард на луѓето.