Ѓоковиќ одлучи да игра во Токио

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот кој на крајот од месецов започнува во Токио. Српскиот тенисер одлуката за настап ја донесе вчера, тој се чувствува подобро и ќе се обиде да го одигра турнирот во јапонскиот град. Последниот натпревар на Ѓоковиќ беше во осминафиналето на УС Опен кога поради повреда на рамото мораше да го предаде мечот на Станислас Вавринка.

Ѓоковиќ досега ниту еднаш не триумфирал во Токио и ќе се обиде да дојде до првиот триумф годинава како прв носител. Главни конкуренти за титулата ќе му бидат Марин Чилиќ, Борна Чориќ, Станислас Вавринка и Давид Гофан.

Турнирот од серијата 500 во Токио, ќе се игра од 30 септември до 6 октомври, а наградниот фонд изнесува 1.5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави