Актерот Вил Смит (50) и неговата сопруга Џада (48) се загрижени за здравјето на нивниот син, Џејден Смит (21). Затоа, тие решиле да интервенираат, бидејќи нивниот син премногу ослабел.
Двојката зборуваше за семејните детали во епизодата „Фејсбук Ватч“ на емисијата „Red Table Talk“, која ја води Џеда со нејзината ќерка Вилоу (18) и мајката Адриен Банфилд-Норис (65).
„Вил и јас имавме интервенција бидејќи Џејден сега е веган. Сфативме дека тој не јаде доволно протеини. Тој е многу слаб, изгледа истоштено“, изјави загрижената Џада. Таа додала дека нивниот син имал само еден до два оброка на ден.
„Имаше подочници, кожата му стана сива. Бевме навистина нервозни“, призна Вил.
За разлика од него, Вил призна дека имал поинаков проблем со храната: премногу јаде. Актерот рече дека тој често јаде од досада и затоа добива килограми дополнително, по што Џада истакна дека јадењето е вообичаен проблем во нивниот дом.