Српските цариници на граничниот премин Хоргош на границата со Унгарија вчера откриле мигранти во македонски камион кој превезувал безбедносни кафези, информираше Царинската управа на Србија.
Цариниците на снимките од скенерот забележале човечки силуети во металните кафези за работни машини-вилишкари, багери, кранови и слично, кои од Северна Македонија требало да бидат транспорирни за Белгија.
Овие кафези се наменети за луѓе што работат на овие машини и имаат страничен отвор за да влезе работникот, така што мигрантите го искористија токму тоа. Кафезите имале заштитна обвивка и било јасно дека некој им помогнал да влезат во овој карго, без разлика дали станува збор за други мигранти или шверцери на луѓе.