Во сенка на дуелот Вардар-Шкендија се играат осминафиналните средби од Купот на Македонија

Денеска (15.30 ч.) се играат првите натпревари од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. Пресметките во оваа елиминаторна рунда ќе бидат во сенка на дуелот меѓу лутите ривали Вардар и Шкендија кој ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

По лошиот старт на сезоната кој го имаа најторфејниот клуб на домашната сцена Вардар и актуелниот првак Шкендија се вратија на победничките патеки. Вардар се искачи на лидерската позиција во првенството, влезе во победничка серија од пет меча, а Шкендија по смената на тренерската клупа нареди три победи под водство на Ерхан Селими и го напушти дното, почна да се пробива кон врвот. Нивната нова пресметка доаѓа во вистинско време да покажат кој колку може сезонава.

Пресметката Вардар – Шкендија е шеста во ова натпреварување. Статистиката е на страната на Шкендија која во четири наврати го елиминирала Вардар, додека скопските „црвено – црни“ само еднаш се радувале.

Реванш средбите од оваа рунда се закажани за 30 октомври.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ДЕНЕШНИТЕ ПРВИ МЕЧЕВИ (15.30 Ч.):

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ОСОГОВО (Фуркан Идризи – Тетово)

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (Васко Мавров – Струмица)

ШКУПИ – СИЛЕКС (Јосип Бартон – Скопје)

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (Марјан Стојановски – Кичево)

ТИКВЕШ – РЕНОВА (Албрим Шаќири – Струга)

ЛАБУНИШТА – ОХРИД (Боби Величков – Велес)

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (Марјан Младеновски – Скопје)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (Дејан Јакимовски – Скопје)

Треба да знаете
Последни објави