Израелците уапсија палестински министер

Израелската полиција денеска соопшти дека уапсила палестински министер задолжен за Ерусалим поради политичка активност во источниот дел на градот.

Министерот Фади ал-Хадами е обвинет за кршење на закон со кој се забранува палестинската власт со седиште во Западниот Брег да има политичка активност во Ерусалим.

Портпаролот на полицијата, Мики Розенфелд изјави дека Ал Хадами бил приведен рано утрово. Ал Хадами беше уапсен по истите обвиненија и во јуни.

За истиот прекршок е обвинет и гувернерот на Ерусалим, Аднан Гит, кој беше назначен од палестинската власт. Палестинската власт назначува официјални лица за Источен Ерусалим, кој Израел го освои во војната во 1967 година, а подоцна го анектира.

Тие службеници имаат главно симболична улога бидејќи Израел го контролира целиот град.

Треба да знаете
Последни објави