Либанскиот новинар, кој беше погрешно уапсен во Грција минатата недела, осомничен дека киднапирал авион на летот од Атина во 1985 година, се вратил дома во Бејрут.
Грчката полиција појасни дека името од пасошот на либанскиот новинар се појавило во компјутерскиот систем на европската полиција како осомничен за киднапирање во кое бил убиен припадник на американската морнарицата, а кој бил баран од Германија.
По пристигнувањето во Бејрут, либанскиот новинар Мохамед Салех им рекол на новинарите дека бил обвинет од земја во која „не бил никогаш во животот“, притоа мислејќи на Германија.
Новинарите беа заинтересирани дали Салех има намера да преземе правни дејства против Грција и Германија, на што тој одговори дека ќе донесе одлука подоцна, по консултација со адвокат.
Салех (65) беше пет дена во притвор, а беше уапсен на крузер што пловеше низ јужна Европа, пренесува АП.