Бремена мајка и нејзиното бебе починале по употреба на раствор купен во аптека во Келн, јавија германските медиуми.
Минатиот четврток, 28-годишната жена и нејзиното бебе, кое во обид да биде спасено било предвреме родено со царски рез, починале откако мајката замала раствор кој содржел глукоза. Медиумите соопштија дека жената го купила лекот од аптеката „Хајлиг гајст“.
Обдукцијата покажала дека младата мајка починала од слаба активност на органите, а полицијата соопшти дека е пронајдена токсична супстанција во растворот со глукоза.
Уште едена жена која го користела овој раствор исто така имала здрвствени компликации, но таа навреме прекинала да го користи. Лекарите ги пријавиле двата случаи во полиција минатиот четврток.
Полицијата и градските власти ги предупредија граѓаните на Келн да не купуваат или користат раствор базиран на глукоза од наведената аптеката. Тие апелираат оние жители кои имаат ваков раствор дома, веднаш да го донесат во најблиската полициска станица.
Тил Фиксиус, сопственикот на аптеката, не може да објасни како се случило вакво нешто.
„Зачуден сум, не можам да го објаснам ова“, изјавил вчера за новинарите.