Бебето Арчи го имаше својот прв јавен настап денес за време на кралската турнеја со неговите родители во Јужна Африка, а принцот Хари и Меган Маркл го запознаа својот син со еден од хероите на апартхејдот, надбискупот Дезмонд Туту.
Четиримесечниот Арчи гордо позираше со јужноафриканскиот активист и пензиониран англикански надбискуп и неговите родители.
Војводата и војвотката од Сасекс на „Инстаграм“ објавиле симпатично видео во кое го носат нивниот син, со опис „Арч го запознава Арчи“.
Малиот Арчи се смее додека на раце го носи неговата мајка и се запозна со еден од хероите на апартхејдот, надбискупот Дезмонд Туту и неговата ќерка.
Меган се пошегува дека Арчи треба да се навикне на камерите во неговиот живот, пренесува „Дејли мејл“.
Принцот Хари, Меган Маркл и малиот Арчи се на нивната прва кралска турнеја како семејство во Јужна Африка.