Германскиот огранок на британскиот тур-оператор „Томас Кук”, кој прогласи банкрот, соопшти дека покренал постапка за стечај, вклучително и постапка за разделување од матичната компанија.
Судска постапка започна и полската филијала на неуспешниот британски тур-оператор, а австриската филијала објави дека во текот на денот ќе се изјасни за својата состојба.
Меѓутоа, германската филијала информира дека постапката за стечај е покрената со намера да се раздели од нејзината матична компанија и да продолжи да работи самостојно, бидејќи смета дека работењето и е на здрави основи и има можности за тоа.
Полската подружница на Томас Кук – Некерман Полска, исто така објави денеска стечај и побара од полските власти да ги преземат трошоците за враќање на 3.600 полски туристи кои останале во странство по банкротот на тур-операторот