Хатами отфрли идеја за договор во врска со ракетната програма на Иран

Иранскиот министер за одбрана генерал Амир Хатами денеска отфрли идеја за договор со светските сили за ракетната програма на земјата.

Државната иранска новинска агенција ИРНА го цитираше Хатами кој рече дека секаков договор со САД за иранските „ракетни сили” би можел да им наштети на способностите на земјата.

Тој подвлече дека сите ирански лидери поддржуваат унапредување на ракетната програма.

Техеран долго време инсистира на тоа дека неговата програма за балистички ракети не е нешто за што може да се преговара.

Треба да знаете
Последни објави