Јорданскиот крал Абдула ги предупреди ОН дека Палестинците мора да имаат своја држава

Кралот Абдула Втори од Јордан се обрати пред Генералното собрание на ОН во вторникот со говор со кој ја потенцира важноста на глобалните теми како климатските промени, економските разлики, тероризмот, но особено внимание му посвети израелско-палестинскиот конфликт, за кој рече дека може само да се реши со давање сопствена држава на Палестинците , пренесува „Брејтбарт“.

Кралот Абдула тврди дека ниту една криза не ѝ нанела поголема штета на стабилноста на целиот свет отколку палестинско-израелскиот конфликт.

„Ниту една страна не оствари траен мир од кој зависи сигурната иднина. Регионалната и светската стабилност продолжи да ја плаќа цената. Ужасна иронија е што земјата која е света за три религии- религии кои ја делат голема заповед да го сакаат ближниот – е воопшто место на конфликт. Ова е земјата низ која шетаа пророците, земјата во која генерации муслимани, христијани и Евреи се обидоа да живеат покорни на Бога, учејќи им на своите деца на сочувство, милост и почит кон другите. Сегрегацијата, присилното раселување, насилството и недовербата не припаѓаат во оваа света земја “, рече тој.

Потоа кралот Абдула почна да искажува спротивставување на окупацијата на Израелците без да каже еден збор критика за постапувањето на Палестинците.

„Пред 40 години, мојот татко стоеше на оваа говорница и ги осуди окупацијата и обидите да се искоренат од сеќавањето на светот векови историја, традиција и духовни , морални и културни идеали. Ниту една окупација, раселување ниту насилство не може да ја избрише историјата, надежите или правата на луѓето, или да го смени вистинското наследство на нашите споделени вредности меѓу трите монолитни вери. И ништо не може да ги одземе меѓународните права на палестинскиот народ на еднаквост, правда и самоопределување“, рече тој.

Според кралот Абдула, само решението за две држави со границите од 4 јуни 1967 година може да донесе праведен и траен мир меѓу Израелците и Палестинците.

Треба да знаете
Последни објави