АВМУ : Обвиненијата против новинари негативно се одразува на заштитата на јавниот интерес

По повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот „Infomax.mk”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми, затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи.

Медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат превид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес.

Треба да знаете
Последни објави