Новинари денеска се собраа пред зградата на Обвинителството на кејот на Вардар на протест за поддршка на новинарот на Инфомакс, Александар Митовски. На протестот повика Македонската асоцијација на новинари (МАН) откако обвинителството поднесе обвинителен предлог против новинарот поради објавување на записник од исказ за случајот „Рекет“.
Во знак на револт, на протестот новинарите симболично претставија микрофон со полициски лисици на него.
фото: Слободан Ѓуриќ