ЕУ го прошири списокот на санкции на седум лица блиски до Мадуро

Европската Унија одобри нови санкции против седум лица блиски до режимот на Николас Мадуро поради нарушување на човековите права и тортура врз демонстранти. Одлуката е донесена на амбасадорско ниво и ќе биде потврдена на следниот министерски состанок. Бројот на лица под санкции на ЕУ во Венецуела изнесува сега 25, нивните имоти се замрзнати и им е забрането да патуваат во земјите на Унијата.

Европскиот парламент бараше проширување на санкциите, а бројните нарушувања на правата на демонстрантитебеа детално опишани во извештај на Обединетите Нации.

Треба да знаете
Последни објави