Зеленски: Не требаше да биде објавено она што му го кажав на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека не требало да бидат објавени во јавноста коментарите што ги изнел во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека таквите работи, како разговорите на шефовите на држави, не треба да бидат објавени“, им рече Зеленски на новинарите во Генералното собрание на ООН во ујорк.

Тој исто така истакна дека не се плаши од објавениот транскрипт.

АП проценува дека Зеленски ја минимизирал важноста на украинската истрага за можниот претседателски кандидат на демократите, Џо Бајден.

Тој рече дека истрагата за Бајден е еден од многуте случаи за кои разговарал со лидерите на други земји.

 

Треба да знаете
Последни објави