Изов повика и интернационалки за дуелите со Казахстан и Србија

Македонската женска фудбалска репрезентација на 2.и 5. октомври ќе одигра натпревари од квалификациската група 1 за пласман на Европско првенство 2021 година со Казахстан и Србија.  Македонија најпрво на 2 октомври ќе го пречека Казахстан, а три дена подоцна и Србија. Натпреварите ќе се одиграат на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 15:00 часот.

За овие натпревари македонскиот селекторот Кирил Изов на мини-подговоките закажани за 28 септември ги повика да се појават следните фудбалерки:

Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија).

 

Треба да знаете
Последни објави