Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против З.А.(48) од струшкото село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле марихуана, стебла од растението Cannabis и 18 патрони за ловна пушка кои нелегално ги поседувал.