Косовските избори на 6 октомври ќе ги следат 13.000 акредитирани набљудувачи

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска акредитира 9.050 набљудувачи за вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со ова, како што соопшти ЦИК, вкупната бројка на лица кои ќе можат да го следат гласањето на 6 октомври изнесува 13 илјади.

Барање за акредитација за мониторинг на изборите, според косовските закони, можат да поднесат политичките субјекти сертификувани од ЦИК, невладините организации, владини и меѓувладини организации, меѓународни специјализирани организации кои се занимаваат со избори и човекови права и слободи, претставници на други држави и медиумите.

На вонредните избори на 6 октомври во Косово учествуваат 25 политички субјекти, а право на глас имаат нешто помалку од два милиони лица.

Треба да знаете
Последни објави