Скат: Крајно време е Србија да направи реформа на медиумското опкружување

Американскиот амбасадор во заминување во Белград, Кајл Скат изјави дека бројни студии укажуваат на масовна појава на пласирање на искривени факти во српските медиуми кога станува збор за известувањето за Русија во однос на САД.

-Ова не се однесува само на таблоидите, туку и на РТС и сериозните весници како Политика. Ваквата отворена манипулација со медиумите е продолжение на опасната националистичка пропаганда која на Балканот зеде замав во 90-тите години. Ова нанесува штета на можностите на Србија повторно да го завземе местото кое и припаѓа во заедницата на европските народи, изјави Скат за весникот Данас.

Тој доде дека „крајно време е Србија вистински да пристапи кон реформа на медиумското опкружување, да ги заштити истражувачките новинари и од медиумите да ја отстрани невидливата рака на национализмот по мерка на властите.

Коментирајќи го бојкотот на изборите од страна на опозициските партии, Скат рече дека „САД би ги поздравиле чекорите кои сериозно би ги сфатиле забелешките на опозицијата, граѓанското општество и меѓународните организации, како што се ЕУ и ОБСЕ за дополнителни реформи.”

-Во исто време, не гледам колку луѓето од Србија ќе имаат корист од бојкотот. Всушност, бојкотот веројатно би ја одзел можноста на српската јавност од избор. На крајот на краиштата тоа е внатрешно прашање на Србија, но исходот може да влијае на угледот на Србија во светот, рече американскиот амбасадор.

Коментирајќи ја можноста за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, Скат рече дека „секој ден без договор е чекор подалеку од стабилна иднина за која се стремат двете нации, додавајќи дека назначувањето на Метју Палмер за специјален претставник на САД за Балканот е важен сигнал дека САД сакаат да направат сè што е во нивна моќ за да им се помогне на Србија и Косово да постигнат договор што ќе придонесе за стабилноста на целиот регион.”

-Со помош на Палмер, но претежно со мудрост и храброст на политичките лидери во Белград и Приштина, тој ден ќе дојде. Колку порано, толку подобро, оцени Скат.

Треба да знаете
Последни објави